
На 16.07.2025 во 17.09 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа во охридското село Пештани, од водите на Охридското езеро била извадена граната.
Полициски службеници извршија обезбедување на локацијата, по што граната безбедно е подигната за понатамошна постапка.