Skip to main content

Голема полициска акција – се апсат директор, полициски началник, полицајци…

Од синоќа се спроведува и се уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, дознава Република од неофицијални извори. Според нашите извори се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Неофицијалните информации велат дека меѓу приведените биле и актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Според информациите, групата функционирала како злосторничко здружение со единствена цел – личен профит на сметка на државата и природните ресурси.

Поврзани вести