Skip to main content

Го скршил шалтерското стакло кога му побарале да плати во тетовската болница, толку се повредил што итно е пренесен Скопје

Вчера околу 19:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Клиничка болница во Тетово, Џ.М.(24) од с.Палатица, тетовско, откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга, агресивно се однесувал и го скршил стаклото од приемниот шалтер, при што тој и уште двајца вработени се здобиле со повреди, соопшти денеска СВР Тетово.

По интервенција на полициски службеници, Џ.М. физички нападнал и полициски службеник, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Извршен е увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од тетовската полиција.

Поврзани вести