Skip to main content

Физичка пресметка во Центарот за социјални работи во Пехчево – приведено едно лице

Во Пехчево вчера попладне се случил инцидент во објектот на Центарот за социјални работи, каде по претходна расправија била нарушена јавната безбедност со физичка пресметка помеѓу две лица.

Како што информира МВР, на 27 јуни 2025 година околу 15 часот, во Полициската станица Пехчево било пријавено дека во ходникот на Центарот за социјални работи, поради недоразбирања поврзани со нивната малолетна ќерка, дошло до физички конфликт помеѓу В.Т. (27) од Гевгелија и В.П.Н. (23) од Пехчево.

Според пријавеното, В.Т. ја турнал В.П.Н. кон прозорец, по што таа паднала во дворот на објектот. На В.П.Н. ѝ била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош – Пехчево, додека В.Т. бил приведен во полициска станица.

Од Министерството најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести