Skip to main content

Фатена бегалка од затвор

МИА aрхива

Вчеравечер во 21.10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија. Таа била барана по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, соопштија од МВР.

Поврзани вести