Skip to main content

Фатен моторџијата кој удри пешак во Велес и избега

Вчера во 19.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Н.(21) од село Раштани, велешко.

Тој на 26.06.2025 на улица „8 Септември“ во Велес, управувајќи мотоцикл, удрил во пешакот П.З.(79) од Велес и побегнал од местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. По преземени мерки, В.Н. е пронајден и приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести