Skip to main content

Две возрасни жени измамени за еден милиони денари

Две повозрасни жени од Скопје биле измамени преку телефон за големи суми на пари.

На 19.03.2025 година во 20.25 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена, известија до полицијата за првиот случај.

На 19.03.2025 година во 23.00 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје, пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 700.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена, се наведува за вториот случај.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од полицијата.