Skip to main content

Двајца пешаци прегазени во Скопје и во двата случаи – возачот избегал

Две лица се повредени во текот на вчерашниот ден во Скопје откако во нив удрило возило и во двата случаи возачот избегал од местото на несреќата.

Прво околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „шкода“ удрило во малолетник од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко возило удрило во Б.М.(56) од с.Студеничани, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани вести