
Адвокатот на обвинетиот Боро Видевски, Бојан Манев, за снимката која што беше презентирана на претходните рочишта, а за која обвинителството тврди дека е направена во домот на Велибор Манев ноќта пред да биде убиен Панче Жежовски, вели дека не била направена тој ден. Тврди, дека тоа е снимка од празникот Св. Аранѓел, кога обвинетите се собрани на слава кај Манев.
Тие снимки не се од тој ден. Вечерта пред убиството е Св. Аранѓел и тие се на слава собрани кај Манев. Тоа ќе го видите и од исказите на обвинетите. Не верувам дека некој што планира убиство сам би се снимал, тврди адвокатот од одбраната Манев.