Skip to main content

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово

Во повеќе основни училишта во Куманово попладнево пристигнале дојави за наводно поставени бомби во училиштата, потврдија од Секторот за образование од Општина Куманово, од каде што укажуваат дека учениците безбедно се евакуирани.

Дојавата за бомба е испратена по електронски пат, нешто после 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата, изјави раководителот на екторот за образование Александар Јовановиќ. 

Поврзани вести