
Обвинителката Жаклина Трајковска на денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска читаше околу 200 материјални докази кои укажуваат на степенот на вмешаност на обвинетите.
Она што беше највпечатиливо е извештај од псхијатриско вештачење кое покажало дека обвинетите се пресметливи и добро знаеле што правеле во моментите на грабнувања и во непосредните убиства.
Палевски имаше приговор дека оваа анализа не вреди доколку не бидат презентирани цедињата и табелерарен приказ за неговите телефонски разговор.
Табелите ќе, покажат каде и со кого сум се движел. Не постои доказ за комуникација помеѓу мене и Александар Ѓорчевски-истакна обвинетиот Палевски.