
Во координирана акција на Управата за финансиска полиција, спроведена со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се приведени седум лица, додека истрагата опфаќа вкупно 13 лица и 10 компании.
Осомничените се товарат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари. Според истрагата, тие продавале нафта за готовина, прикажувајќи ги средствата како дневен промет преку фиктивни фактури и барале поврат на ДДВ, што според проценките предизвикало штета од околу 7 милиони евра.
Акцијата била реализирана на осум различни локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак.