Skip to main content

Дали планот на групата на Палчо бил да се грабне девојче или жена?

Jaвноста може да верува на вториот исказ на Боре Видевски даден во Јавното обвинителство, вели неговиот адвокат Бојан Манев. Истиот исказ Боре го дал и на минатото рочиште, потсетува Манев.

Евидентно е дека е употребена тортура од страна на полицијата а тоа се гледа и од неговата здравствена состојба. Видевски беше сместен на нефрологија токму поради здобиените повреди од тепањето пред да биде даден првиот исказ во полиција и ЈО.

За пиштолот

Тој пиштол не е употребен повеќе од 20 години.МВР има база на податоци и доколку нешто е направено со тој пиштол и извршено некакво кривично дело секој вештак во МВР ќе го каже во вештачање. Овие убиства не се извршени со тој пиштол

Планот бил да се грабне девојче или жена?

Тоа го кажа Велибор Манев во неговиот исказ, додека Боре кажа дека нема информации за такво нешто.

Поврзани вести