
На вчерашното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевски и Панче Жежовски, првообвинетиот Љупчо Палевски побара пред судот да се презентира видео снимка која можеби ќе даде друга наскока за случајот.
Палевски од судот побара да се презентира снимк од 21 кон 22 ноември на полноќ од системот Сејф сити на која наводно се гледа неговото возило Рено „Кангу“ на скопските улици. Снимката траела неколку секунди. Судијата на утрешното рочиште треба да се произнесе за ова барање.
Овој датум е важен бидејќи на претходните рочишта беше пуштена снимка за која обвинителството тврди дека е од ноќта пред да биде убиен Жежовски и на неа во домот на Велибор Манев се гледаат сите обвинети како и „Кангуто“ на Палевски.