Skip to main content

Дали Боре Видески бил тепан за да признае за убиството на Вања и Панче?

Сведокот Зоран Петковски, поранешен полицаец и сведок на Љупчо Палевски на денешното сведочењер рече дека бил повикан во СВР Скопје во полициска станица Пролет, на 05.02.2024 година во раните утрински часови да даде исказ и оти тука разбрал дека друг обвинет, Боре Видески бил физички малтретиран од страна на полицијата.

 Инспекторот Зарински ме праша „Го познаваш ли Боре?“ Му одговорив потврдно. Веднаш потоа со десната рака покажа дупка во ѕидот, десно од неговиот работен стол, и ми кажа „Ете тоа е од Боре, ги прераскажа Петковски зборовите од инспектрот.

Со ист став беше и адвокатот на Видески, Бојан Манев. Тој смета дека признанието на Видески за убиствата е извлечено со физичко насилство од страна на полицијата. За тоа била и приложена медицинска документација.

Има фрактури на главата, проблеми со бубрезите од што бил тепан во делот на половината. Беше и две неделни на Клиника за нефрологија-објасни Манев.

Поврзани вести