
Бојан Јовановски е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Боки 13
За делото измама е осуден на три години затвор, за перење пари е осуден исто на три години, односно единечната казна е пет години затвор.
Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан се осудени на условни казни, сите обвинети за помагање при перење пари.

Според обвинението, со наводен проект за изградба на старски домови, Јовановски измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината „Меѓународен сојуз“ и купувал лични предмети.
Ова е втора пресуда за предметот кој почна во 2020 година. Јовановски првично беше осуден на девет години затвор, но Апелација го врати предметот на повторно судење.