
За незаконски тендер со РЕК Битола, газдата на „Марковски компани“ Борче Марковски доби обвинение, а сумата од 1.700.000 евра што ја заработил од тендерот, му е најдена во Србија и во Македонија и веќе конфискувана од Обвинителството.
Замрзнати му се и товарните возила, кои најверојатно ќе бидат и тие предложени за конфискација, а на Марковски му е продолжена мерката притвор.
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение всушност против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во Комбинатот.

Македонски






