Skip to main content

Aлбанец во багажник се обидел да премине граница

Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, во багажник на патничко возило „БМВ” открилњ лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија.

Според Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице во багажникот е А.Б.(20), двајцата од пограничното гратче Прењас.

М.Ч. е уапсен и ќе одговара за кривично дело „помош за илегално преминување на државната граница“, а за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ ќе одговара А.Б.