Skip to main content

549 санкционирани возачи во Скопје, 187 за брзо возење

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на 08.02.2025 полициски службеници од СВР Скопје  спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 549 возачи. Од нив 187 се за возење со брзина поголема од дозволената, а 36 за управување возила без возачка дозвола. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.
Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Поврзани вести