
Вчера во 14.42 часот на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.(21) од с.Нераште, тетовско.
При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициски службеници констатирале дека А.И. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“, соопшти МВР.