Skip to main content

19-годишник во „мини морис“ удри во девојче кај „Сити мол“

архива

Девојче било удрено и повредено од автомобил вчеравечер околу 19 часот на скопскиот булевар „Партизански одреди“ во близина на „Сити мол“.

Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје патничко возило ‘мини морис’ со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Во тек е увид, информираа за медиумите од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани вести