![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/apsenje.png)
Вчеравечер во 20.00 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од
слобода Ќ.С.(55) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 15-годишна ќерка дека не водел грижа за нив, ги запуштал и во повеќе наврати ги малтретирал неа, нејзините двајца помали браќа и една сестра.
За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар.
Како што соопштуваат од СВР Тетово, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветна пријава.