
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита. 20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита. Ресорното министерство заедно со синдикатите потпиша нов колективен договор со кој освен што ќе се зголемат платите, ќе се подобрат и работните услови, правната сигурност и социјалниот дијалог, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со ребалансот на Буџетот за 2025 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека ќе се зголемуваат платите и пензиите. Ако порано парите исчезнуваа од Буџетот и никој не одговараше за истото, сега се прави јасна дистинкција дека парите завршуваат во џебот на граѓаните. Да потсетиме дека освен ова зголемување од 20% во делот на социјалната заштита, претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330.000 пензионери, за вкупно 7.000 денари. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените, посочуваат од владејачката партија.