Skip to main content

Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија

Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре.

Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од две години и каматна стапка од 4,5 проценти годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари.

Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а аукцијата ќе се одржи во петок, на 12 декември.

Датумот на достасување на обврзниците од оваа емисија е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата за првата година достасува на 19 декември 2026, а за втората година на 19 декември 2027 година.

Поврзани вести