Skip to main content

СДСМ се спротивстави на предлогот Трајко Славески да биде гувернер

„СДСМ остро ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка“; велат од опозициската партија и додаваат:

Според нив било невиден преседан е да се дозволи класичен, како што велат, „партиски пиун“ да ја води оваа финансиска институција. Тие сметаат дека досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер.

Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата.

Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила.

Како претседател на Советот на Град Скопје, ќе остане запаметен како лицето кое го уништи градот. Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска, откако им пропаднаа бизнис-зделките.

СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Силјановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна, ниту пак во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски – велат од СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот Славевски да биде гувернер на НБРМ.

Поврзани вести