
Утре со почеток во 11:00 часот во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.
По состанокот, во 11:45 часот се очекува прес-конференција на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на која ќе биде презентирана оваа кошница.