Skip to main content

Николоски во работна посета на Косово: Реализација на капитални проекти од заеднички интерес за двете земји

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски се во официјална посета на Република Косово на покана на Либурн Алију, министер за транспорт на Република Косово.

Во рамки на постетата тие остварија средба со министерот за транспорт на Република Косово, Либурн Алију, на која се разговараше за реализација на капитални проекти што се од заеднички интерес за двете земји. Покрај средбата се направи увид на неколку инфраструктурни проекти кои се работат во Косово.

На средбата се отвори прашањето за железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина како и изградба на зедничка железничка станица која ќе ги олесни граничните постапки во делот на транспортот на добра и патници.

Исто така на средбата се разговараше и за евентуалното патно поврзување и изградба на патниот правец Тетово-Призрен со изградба на зеднички тунел како гранична точка меѓу Македонија и Косово. Двете страни се согласија да се формира работна групи кои ќе ги разгледа можностите за реализација на овој проект.

Во рамки на посетата, делегациите остварија и посета на неколку инфраструктурни проекти што се реализираат во Косово, а кои се од регионалано значење.

Двете страни се согласија дека Македонија и Косово имаат добра економска и политичка соработка и ја потенцираа потребата оваа соработка да се интензивира во духот на добрососедските односи, информираат од Министерството за транспорт.

Поврзани вести