Skip to main content

Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција, со фокус на европската перспектива

Министерство за транспорт

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири денеска се сретнаа со амбасадорот на Француската Република во земјава Кристоф Ле Риголер.

На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.

Вицепремиерот Николоски го истакнал пријателството меѓу Македонија и Франција и ја потенцирал можноста за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка и поддршка во делот на реализација на ифраструктурните проекти.

фото: Министерство за транспорт

Николоски го запознал амбасадорот Ле Риголер со развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, посебно проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.

На средбата се разговараше и за реформскиот процес на земјата, интеграциите и членството во Европската Унија. Македонија е фокусирна на интегративниот процес, потенцирал вицепремиерот Николоски, а владините политики се насочени кон реформирање на земјата и борбата против корупцијата.

Двајцата говорници, како што се наведува, се согласиле на интензивирање на меѓусебната соработка на двете земји.

Поврзани вести