Skip to main content

Немаме излез на море, но можеме да станеме стратешки најважната точка на Балканот, вели вицепремиерот Николоски

Автопатот Скопје – Блаце е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, откако државата го потпиша Договорот за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на оваа важна делница.

Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена, вели Николоски.

Тој потенцира дека автопатот Скопје – Блаце, кој е во должина од 10,5 км, претставува инженерски предизвик, каде на трасата ќе се изградат околу четириесетина објекти.

Поврзани вести