Skip to main content

Мицкоски: Очекувам Македонија да биде меѓу првите земји во светот која што ќе добие договор за слободна трговија со САД

Моите очекувања се позитивни, очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добиеме договор за слободна трговија со САД, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на стредбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и државниот секретар на САД Марко Рубио.

-Можам да кажам дека Тимчо Муцунски е помеѓу седум министри за надворешни работи од Европа кои што на билатерално ниво беа примени од страна на државниот секретар Марко Рубио во Стејт Департментот во САД, средбата траела околу 45 минути на која што уште еднаш беше истакната стратешката соработка и значајот на стратешката соработка помеѓу двете земји, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека има позитивни очекувања и дека очекува Македонија да биде меѓу првите земји во светот што ќе добијат договор за слободна трговија со САД.

Досегашната, исклучителна соработка со администрацијата на претседателот Трамп и очекувањата за во иднина. Околу тие очекувања јас не би сакал многу да зборувам. Сакам да се случат а потоа да коментираме. Моите оичекувања се позитивни и како резултат ос средбата со господинот Грир, но и моите телефонски разговори што ги имав со државниот секретар за економија, Хауард Латник, така што очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добијат таков тип на договор со САД.

Поврзани вести