Skip to main content

Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците

Фејсбук

Во земјоделието наследивме тотален хаос- и во делот на откупот, и во делот на исплатата на субвенциите, и во делот на исплатата на личните доходи во некои акционерски друштва во сопственост на државата, како и во јавните претпријатија, државни. Сето тоа успеавме во текот на овие девет месеци да го санираме, долговите да ги вратиме и исплатите да течат без проблеми.“, вели премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

Од пораките што ги добив од земјоделците во овој регион, има одредено шпекулативно однесување од страна на откупувачите на зелката. Ова го добив како порака во последните ден-два. Разговарав и со министерот за земјоделство, кој ми рече дека денес ќе биде тука.“, додаде тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека од она што е важно за Радовиш и Конче е цената на тутунот, за којашто рече дека по килограм откупен тутун изнесува 400 денари, плус 100 денари субвенции.

Она што е важно за овој регион, радовишко и Конче, е дека имаме рекордна цена на тутунот, постигната како никогаш досега- 400 денари за килограм откупната, плус 100 денари субвенција.“, нагласи Мицкоски и потенцираше дека Владата останува посветено да работи во интерес на земјоделците.

Оваа година субвенциите ќе бидат уште поголеми според информацијата која ја добивам од договорите, така што како Влада остануваме фокусирани и приоритет ќе ни бидат меѓу другите, и земјоделците.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Поврзани вести