Skip to main content

Божиновска: Болници, училишта и комунални претпријатија трошат струја што е за 50 отсто поскапа

Министерката за енергетика Сања Божиновска информира дека се бара решение за голем број на институции и комунални претпријатија кои плаќаат за 50 отсто поскапа електрична енергија затоа што ја купуваат од универзалниот снабдувач во краен случај.

Станува збор за државни организации на централно и локално ниво кои немаат редовен договор со снабдувач на слободниот пазар, туку ја купуваат од ЕВН, а во тој случај цената на таа електрична енергија е повисока за 50 проценти.

Божиновска верува дека причините за тоа се повеќе од незнаење и како што рече, ваквиот феномен е забележан на крајот на минатата година. Има претпријатија кои подолг период на ваков начин трошат струја, иако законски тоа е дозволено само во рок од три месеци.

Ние сме свесни за овој проблем. Тоа го забележавме уште на крајот на минатата година. Тоа се непрофитни организации како училишта и болници,но и комунални претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење и од немање стручен кадар не избрале снабдувач, па купувале од снабдувачот во краен случај. И самите не се запознаени од последиците во непостапувањето, а друга работа е што се оставени на ризик на берзата, вели Божиновска.

Министерката додаде дека се прави анализа за колкава количина на енергија станува збор и ќе се направи некоја форма на „пакет“ за овие институции да добијат помала цена за да заштедат на сметки. Сите овие институции би влегле во една „балансна група“ од следниот квартал.

Поврзани вести