Во моментов се води хибридна војна против Србија и претседателот Александар Вучиќ, тврди српскиот вицепремиер Александар Вулин во изјава за белградски медиуми.
Тој за телевизија Пинк изјави дека нападите врз Србија од Сараево и Загреб се координирани, дека притисокот расте, и според него – се е координирано од еден центар.
Јавните личности од целиот регион ги поддржуваат оние кои се против Вучиќ. Можно ли е да нема ниту еден фудбалер, кошаркар, актер што на пример го поддржува Вучиќ? Не, одеднаш во истиот момент сите спортисти се против Вучиќ. Тоа не е случајно. Тоа се прави од еден центар, рече Вулин.
Според него, студентите се подложни на манипулации и повеќето од нив имаат искрена желба за промени, но предводниците на блокадите се платеници.