Skip to main content

Вучиќ: Насилничко, хулиганско однесување, бараме кривично правна одговорност!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се огласи по хаосот што се случи во Собранието.

Според него, се работи за насилничко, хулиганско однесување и дека за тоа бара кривично правна одговорност.

„Денеска е тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин на таа земја, дека присуствувале на нешто на што не присуствувале од воспоставувањето на повеќепартискиот систем, значи во последните 35 години. Станува збор за насилничко, хулиганско однесување, нема да кажам остри зборови за тие што го направија, не затоа што не заслужуваат, туку затоа што бараме кривично правна одговорност. Чекаме да видиме што ќе направи Обвинителството, бидејќи ако беше обратно досега сите ќе бевме обесени“, посочи Вучиќ. 

Поврзани вести