Skip to main content

Во Хрватска студот не попушта, измерени минус 13 степени

Портокалово временско предупредување е на сила денес во Хрватска поради силна и бурна бура за централна Далмација и Велебитскиот канал, а предупредување поради ризик од мраз е издадено за регионите Загреб, Карловац, Осиек, Книн и Госпиќ.

Во Хрватска, најниската температура од минус 13,9 степени е забележана утрово во селото Штригови на север од земјата, објави ХРТ.

Жолто предупредување е издадено за регионите Книн, Риека, Сплит и Дубровник, како и западниот брег на Истра, Кварнер и Кварнериќ, Северна и Јужна Далмација поради силна бура и трамонтана.
Портокалово предупредување е издадено за Велебитскиот канал и Централна Далмација, што се однесува на силна и бурна бура, со очекувани налети на ветер од 65 до 150 километри на час.
Хрватското Министерство за наука и образование го одобри барањето на Шибенско-книнската жупанија, поради неповолни временски услови, наставата во вториот семестар за учениците од основните училишта во областа Книн да започне на 14 јануари, наместо на 12 јануари.

Во Вргорац во Сплитско-далматинската жупанија од 3 до 9 јануари наврнаа повеќе од 200 милиметри дожд на квадратен метар, што е значително над вообичаената количина на врнежи за овој период од годината.

Обилните дождови предизвикаа поплави во лозовите насади.

Поврзани вести