Skip to main content

Во експлозија во куќа во Грција повредени српски туристи, сопственичката на куќата е приведена

Ilustracija Foto: Shutterstock

Околу 15 часот во градот Аспровалта во Грција, се случила експлозија во куќа каде што престојувале туристи од Србија, соопштија волонтерите спасувачи од Волви.

Во експлозијата се повредени четири лица од стакло, додека еден млад човек се здобил со тешки изгореници на неколку делови од телото, соопштија волонтерите спасувачи од Волви, како што објави N1 Србија.

Повредените се однесени во болница. Според информациите од белградските медиуми, наводно експлодирала плинска боца, а полицијата го привела сопственичката на сместувачкиот капацитет (86).

Поврзани вести