
Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија го разгледа барањето на иницијативата група и усвои стандардниот образец за собирање 50 илјади потписи, потребни за понатамошно продолжување на иницијативата за укинување на измените на Законот за заштитени подрачја усвоени во 2024 година.
Иницијативната група ќе може да почне со собирање потписи од денот кога одлуката ќе стапи во сила и ќе го продолжи овој процес до 31 март. Во меѓувреме, врз основа на законот процесот на собирање ќе биде суспендиран во периодот од 1 до 31 декември.
По истекот на рокот, сите собрани потписи ќе бидат предмет на соодветни процедури за верификација, во целосна согласност со изборното законодавство.
Барање за одржување референдум за укинување на измените на Законот за заштитени подрачја, донесени 2024 година поднесоа група граѓани кои протести против изградба во заштитени подрачја организираат протести во Тирана речиси два и пол месеци (вечерва е 82. по ред).
Незадоволството ескалираше по најавите за изградба на луксузен ресорт во Зврнец и Сазан, каде и почнаа подготвителни активности, од страна на ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Претходно Џеред Кушнер и Иванка Трамп владата на Еди Рама ги прогласи за стратешки инвеститор.
Активностите се прекинати, но во континуитет Рама не се откажува од реализација на проектот.

Македонски


