
Обединетото Кралство ја разгледува можноста да испрати мигранти на кои им е одбиен азил во балканските земји – Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, објави Тајмс, повикувајќи се на извори во британската влада.
„Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил може да бидат испратени во миграциските центри во Западен Балкан и други трети земји“, наведува весникот.
Лондон има намера да им плати на земјите што ги примаат за секој поединечен мигрант.