Skip to main content

Велигденска честитка од новиот министер за информации на Србија: Блокадата на РТС е како државен удар

МИА
МИА

Новиот српски министер за информации, Борис Братина, во својата велигденска честитка ги повикува надлежните органи да ја деблокираат Радио и телевизија на Србија бидејќи нејзиниот пад е исто како и државен удар, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за информации и телекомуникации на Србија на граѓаните им го честита Велигден со желби за мир, воздржаност и промисла.

Заедно со велигденската честитка, упатен е и повик до државните органи „итно да се овозможат редовни услови за работа на Радио-телевизијата на Србија и нејзините новинари, бидејќи РТС претставува темелна институција за информирање во цела Србија“.

Падот на РТС под притисок на блокаторите би имал значење на „државен удар“, односно пад на општествениот поредок. Друго значење на деблокирање на работата на РТС се основните човекови права, како што се правото на работа, правото на информирање и други“, се нагласува во соопштението потпишано од новиот министер за информации Борис Братина.

Тој бара од надлежните органи да реагираат за да се доведат условите за работа на РТС во редовна состојба и да се истражат сите околности на блокадата.

Поврзани вести