
Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија по стапувањето во сила на американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето со сурова нафта и гориво во Србија, нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемена понуда од МОЛ“, наведе Сијарто во објава на Фејсбук.
Според него, тоа зголемување нема да може целосно да го замени недостигот испораки од Хрватска.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека реалната проценка е дека рафинеријата може да работи без дополнително снабдување со нафта до 1 ноември и додаде дека кога станува збор за горивото, нема да има проблеми до Нова Година