
Деветнаесетгодишно момче е убиено синоќа во Дрниш, а полицијата интензивно трага по 50-годишен осомничен кој се дал во бегство по пукањето.
Според информациите од Полициската управа Шибеник-Книн, инцидентот се случил околу 23:05 часот, на тераса од семејна куќа. Осомничениот, идентификуван како К.А., со огнено оружје пукал во младото момче, кое починало на местото на настанот.
Неофицијално, според хрватските медиуми, жртвата претходно доставила нарачана храна на осомничениот, по што дошло до пукањето под засега неразјаснети околности.
Во текот на ноќта на терен биле ангажирани поголем број полициски службеници, а во тек е опсежна потрага по сторителот, како и истрага за утврдување на сите детали поврзани со случајот.
Полицијата соопшти дека осомничениот и претходно ѝ бил познат. Во 2023 година против него била поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Шибеник за нелегално поседување, производство и набавка на оружје и експлозивни материи.
Потрагата по осомничениот продолжува, додека надлежните институции работат на целосно расветлување на убиството.

Македонски

