
Три лица, меѓу кои и еден државјанин на Србија, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција во текот на вчерашниот ден, соопшти крајбрежната стража, а пренесува грчката „Прототема“.
Во раните утрински часови, 88-годишен грчки државјанин беше извлечен во несвест од морето во областа Агиос Андреас Малаконтас во Еретрија.
Неколку часа подоцна, 69-годишен државјанин на Србија беше извлечен во несвест од морето на Олимпискиот брег во округот Пиерија.
Во третиот инцидент, друг грчки државјанин (61) беше извлечен од морето во пристаништето Милина во општина Јужен Пелион.
За сите три инциденти, надлежните пристанишни власти спроведоа прелиминарна истрага и беше наредена обдукција.