Skip to main content

Српскиот премиер купил вила вредна милион евра еден ден пред да стапи на функција

Facebook/Влада Републике Србије

Новиот премиер на Србија, Џуро Мацут, еден ден пред да биде избран на таа функција, купил вила вредна повеќе од еден милион евра во белградската населба Звездара од некогашниот директор на јавното претпријатие Београд пут Томислав Богетиќ, објави порталот КРИК.

Мацут, кој е професор на Медицинскиот факултет и доктор по ендокринологија, на 14 април склучил договор со кој ја купил вилата од 193 квадратни метри, покажуваат катастарските податоци.

Агенцијата за проценка на вредности на недвижности која ја ангажирале КРИК пресметала дека пазарната вредност на вилата е поголема од милион евра.

Како што објави истражувачкиот портал, договорот бил потпишан еден ден пред Мацут во собранието на Србија да биде изгласан за премиер.

Мацут поседува и четири стана во Белград.