
Српскиот патријарх Порфириј вчера во храмот Свети Сава во Белград одржа молитва за загинатите во пожарот во Кочани, како и за 16-тата жртва во несреќата на железничката станица во Нови Сад, Вукашин Црнчевиќ.
„Се помоливме за сите оние кои трагично загинаа во Македонија, во Кочани, како и за шеснаесеттата жртва под црната и трагична настрешница во Нови Сад, за Вукашин. Се молевме и заедно со родителите на оние кои се наоѓаат овдека во Белград во болница, оние кои исто така тешко настрадаа во Кочани. Се молевме за нив и ги молам сите да се молиме постојано, од длабочината на душата, и на пресвета Богородица и на Господ наш Исус Христос, со својата љубов и благодат – да им дадат сила на родителите, но и да им дадат умешност и знаење и на сите лекари кои се грижат за оздравување на сите од Кочани оние кои се наоѓаат овдека во Белград, што побрзо да оздрават и да се вратат дома“, рече тој.