Skip to main content

Српската армија годинава стави во употреба над 70 нови видови борбени системи

Во 2024 година, повеќе од 70 различни видови модерно оружје и воена опрема беа ставени во оперативна употреба во единиците на вооружените сили на Србија, меѓу кои 38 од домашен развој, благодарение на зголемените напори на Воено-техничкиот институт и одбранбената индустрија на Србија.

Меѓу најзначајните новововедени домашни и модернизирани системи се оклопниот транспортер БОВ ОТ, новиот „Милош-М“, модифицираниот БРДМ-2МС, извидничката варијанта на џипот „Хамер“ и новиот тип муниција од 155 мм со зголемен дострел. Завршено е и производството на нултата серија на беспилотното летало „Врабец“ и произведена е и значителна количина беспилотни летала„Комарец-1“.

Армијата на Србија дополнително беше зајакната со противвоздушни ракетни системи ФК-3, ХК-17АЕ и ПАСАРС, хеликоптери Х-145М опремени со најнова генерација оптоелектронски и нападно-нишански систем, радари ГМ-400 и ГМ-200, како и оклопни борбени возила со зголемена балистичка заштита „Лазар 3“.

Поврзани вести