Skip to main content
На барање на српската опозиција

Советот на Европа испраќа ад хок набљудувачка мисија за локалните избори на 29 март во Србија

На барање на српската опозиција, Советот на Европа ќе испрати ад хок набљудувачка мисија за претстојните локални избори во Србија, што е доказ дека ангажманот на целата опозиција дава конкретни резултати и дека Србија не е целосно изолирана“, изјави денеска пратеничката на Партијата за слобода и правда (ССП) и потпретседателка на социјалдемократите во СЕ, Татјана Пашиќ.

Таа наведе дека за време на нејзината неодамнешна посета на Белград, го информирала генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, дека уште пред распишувањето на изборите, властите започнале „интензивна официјална кампања, притисок врз гласачите, купување гласови“ и дека очекуваат „многу нерегуларности и големи изборни кражби, можеби најголеми досега“.

Како и другите колеги, побарав ад хок набљудувачка мисија. Очигледно е дека СЕ го сфатија нашето барање сериозно, реагираа за многу кратко време и формираа тим набљудувачи кои ќе видат на лице место како изгледаат изборите во Србија“, изјави Пашиќ.

Во 10 градови и општини во Србија на 29 март ќе се одржат локални избори. 

Известители на ПССЕ за следење на исполнувањето на обврските преземени со членството на Србија во Советот на Европа доаѓаат следната недела на дводневна посета на Србија, како дел од редовен мониторинг.

Србија е една од десетте земји-членки на Советот на Европа што се предмет на целосна постапка за мониторинг, што подразбира редовни посети на известители, континуиран дијалог со властите и повремени пленарни дискусии, со цел да им се помогне на земјите-членки да ги исполнат демократските и човековите права стандарди на Советот на Европа. 

Поврзани вести