
Силните врнежи и екстремните количини дожд што ја зафатија Хрватска предизвикаа поплави, водени бујици и одрони на повеќе патишта во Горски котар и Хрватското приморје. Сообраќајот на овие делници се одвива отежнато, а коловозите во голем дел од земјата се мокри и лизгави.
Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни и катамарански линии: Дубровник–Коложеп–Лопуд–Суѓураѓ, Пула–Задар, Сплит–Хвар, Дубровник–Корчула–Хвар–Бол–Сплит, Мали Лошињ–Црес–Риека, Новалија–Раб–Риека, како и бродската линија Дубровник–Коложеп–Лопуд–Суѓураѓ.
На автопатот А1, меѓу јазлите Равча и Загвозд, се случи сообраќајна несреќа на коловозот во правец кон Загреб. Сообраќајот таму се одвива по две ленти со ограничување на брзината од 60 километри на час.
Зголемена густина на сообраќај е забележана и на А3 Брегана–Липовац, како и на А4 Гориќан–Загреб, особено во близина на Загреб.
Во текот на средата, екстремни количини врнежи се слеаја врз северниот Јадран, најмногу околу Учка, Риека и Кварнерското задгрбје, предизвикувајќи попладневни бујици. Навечер дождот се прошири и кон Далмација, каде што локално беа измерени повеќе од 70 литри врнежи на квадратен метар.