
Соња Илиќ, пратеничка која беше во осмиот месец од бременоста и беше повредена за време на хаосот во собранието што го предизвикаа пратениците од опозицијата, денеска се породи и го роди момчето Гаврило!
Во оваа прилика говореше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Кулминација на неколкумесечниот терор во Србија беше нападот врз пратениците во Народното собрание на Србија. Насилниците ја нападнале и бремената Соња Илиќ од Косово и Метохија. Соња Илиќ денеска роди машко, здраво и силно, родителите му го дадоа името Гаврило. Нека е здрав, среќен и горд на својот татко и мајка! Да живее Гаврило, да живее Србија – напиша претседателот.