Skip to main content

Румен Радев: Војната во Украина ја влече Европа на дното

Бугарија и Европа се исправени пред два важни предизвици – војната во Украина и надминување на безбедносниот јаз. Ова пред новинарите го изјави претседателот Румен Радев.

Но, мора да се прави разлика, посочи тој и објасни дека на последниот совет во Брисел многу се зборувало за повторно вооружување и речиси ништо за завршување на војната во Украина, која ја влече Европа на дното, освен разговорите за спроведување на мирот преку сила, што звучи се понереално како доаѓа од Европа, категоричен беше Радев.

Претседателот истакна дека отсекогаш инсистирал на поодговорен однос на Европа и Бугарија кон безбедноста, но не брза да се приклучи на фанфарите за европскиот план за превооружување. За планот на ЕУ дека ќе има 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната, мора да биде јасно, продолжи шефот на бугарската држава, дека такви пари нема – ќе има заеми плус можност за одбивање на структурните и кохезионите фондови.

„Се откажувате од проекти за водоснабдување и санитација, инфраструктура, животна средина, социјални проекти и инвестирате во одбранбената индустрија, како и можноста за напуштените проекти од ПВП да се пренасочат кон инвестиции во одбраната и безбедноста“, прецизираше претседателот.

Румен Радев очекуваше бугарската влада одговорно и критички да пристапи кон сите можни бугарски заложби по ова прашање. Но, поважен од самите средства е односот на државата кон овие прашања – модернизација на армијата, зајакнување на одбранбената индустрија – што мора да биде постојана, свесна заложба на секоја власт, а не да чекаат да им се даде насока од Брисел, рече тој.

Тој потсети и дека бугарската одбранбена индустрија се повеќе се ориентира кон производство на висока технологија, но не треба да се заборави дека главниот приход доаѓа од муниција, а за тоа е потребен барут кој се потешко се наоѓа на меѓународниот пазар. Румен Радев во оваа прилика привлече внимание и на еден случај – повеќе од една година одговорен, докажан бугарски инвеститор ги обиколува сите институции за да инвестира во барут, но наидува на целосна блокада прво од владата на Димитар Главчев, а потоа и од актуелната власт. Ова прашање Радев им го постави на челниците кои во моментов се на власт, но никогаш не прецизираше за кој инвеститор станува збор.

На прашањето дали наскоро очекува мир во Украина, Радев одговори дека повеќе го загрижува тоа што Европа е најголемиот губитник во дијалогот со кој почна да се става крај на конфликтот, а Европа е таа која најмногу настрада и од тоа зависи нејзината иднина, посочи Румен Радев.

„Европа веќе не може да си дозволи да ја игнорира реалноста и да застане на страна и со тоа да наметнува мир од позиција на сила“ – Европа, барем во следните неколку години, не може да наметнува мир од позиција на сила”, категоричен е Румен Радев.

Поврзани вести