Skip to main content
Q0UpgmFJYCg

Рама и Кос во Брисел пресекоа торта во боите на албанското знаме

Вчера во Брисел се одржа 7-та Меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, со која се означи отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ во рок од 12 месеци од отворањето на првиот кластер. Последниот е најважен во проценките на ЕУ, бидејќи е поврзан со демократските стандарди и владеењето на правото.

Последните поглавја, насловени како „Ресурси, земјоделство и кохезија“, формално ја заклучуваат фазата на отворање на 33 преговарачки поглавја.

По тој повод еврокомесарката Марта Кос, на крајот од прес-конференцијата во Брисел, им подари торта со боите на албанското знаме и бројот 6, што го симболизира отворањето на сите преговарачки поглавја. Албанскиот премиер Рама, пак, донесе шише автохтоно вино со негови скици, објави порталот Шкиптарја.

Свеќата со бројот 6 ја изгаснаа двете преговарачки Мајлинда Ѓука и Адеа Пирдени, додека премиерот и Марта Кос ја сечеа тортата за да го прослават успехот на Албанија.

Албанскиот премиер Еди Рама на својот Фејсбук објави и видео од приемот во Брисел и успехот на Албанија во преговорите за членство во ЕУ.

Поврзани вести